Извештајот на Европската комисија презентиран во Собранието
На затворена седница во Собранието, евроамбасадорот Михалис Рокас го презентираше најновиот извештај за напредокот на земјава во процесот на пристапување кон Европската унија...

Амбасадорот на Европската унија, Михалис Рокас, го презентираше Извештајот на Европската комисија за напредок на Република Северна Македонија за 2025 година на претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Како што соопштија од собраниската прес-служба, на средбата беа поканети потпретседателите, координаторите на пратеничките групи, генералната секретарка на Собранието и Кабинетот на претседателот на Собранието.
Извештајот нагласува дека треба да се засилат напорите за заштита на независноста на судството и борбата против корупцијата, реформите на јавната администрација, унапредување на фундаменталните права, заштита на малцинствата и слободата на изразување. Во Извештајот се нагласува потребата за добронамерно спроведување на билатералните договори со Грција и Бугарија.
