Расмусен: Украина може да стане членка на НАТО кога ќе ги исполни критериумите
Украина може да стане членка на НАТО кога ќе одлучи Врховната Рада и ако земјата ги исполни критериумите, изјави генералниот секретар Расмусен. Тој најави и дека Алијансата ќе формира ударни единици за брзо реагирање и ќе гради привремени бази на источната граница на Алијансата. Ова ќе биде една од главните теми на самитот во Велс, на кој ќе присуствува и украинскиот претседател Порошенко.

„Планот за подготвеност за акција е одговор на агресивното однесување на Русија, но ќе и овозможи на Алијансата и да одговори на сите предизвици за безбедноста“, рече Андерс фог Расмусен, генерален секретар на НАТО.
Во Минск, на средбата на контакт групата Украина-Русија-ОБСЕ, на која присуствуваат и претставници на Доњецката народна република, се разговара и за прекин на огнот. Додека Европската унија најавува подрастични санкции, Русија сепак доби поддршка од Кина.