Босна и Херцеговина

Трагедија во Тузла, најмалку десет загинати во пожар во дом за стари лица, над 20 повредени

05.11.2025 08:28

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пожарот бил пријавен околу 22 часот, а огнот брзо се проширил низ објектот во кој престојувале постари лица со ограничена подвижност...

Најмалку десет луѓе загинаа, а над 20 се повредени во катастрофален пожар што избувна во дом за пензионери во североисточниот босански град Тузла. Министерството за внатрешни работи соопшти дека пожарот бил пријавен околу 22 часот, а огнот брзо се проширил низ објектот во кој престојувале постари лица со ограничена подвижност.

„Бев во кревет кога слушнав тресок. Слушнав работи како паѓаат, па погледнав низ прозорецот и видов пламен. Излегов во ходникот и веќе можев да го почувствувам чадот“, изјави Ружа Кајиќ, жителка во пензионерскиот дом.

Причината за несреќата е непозната. Властите најавија истрага за можни безбедносни пропусти.