воен конфликт

Продолжува руската офанзива во Украина

05.11.2025 13:42

Русите концентрираат трупи во Купјанск, а Зеленски го истакнува членството во ЕУ како клучна безбедносна гаранција за земјата...

Русија продолжува со офанзивата на истокот во Украина, со жестоки борби за Покровск, додека Киев тврди дека го одвраќа непријателот. Русите концентрираат трупи во Купјанск, а Зеленски го истакнува членството во ЕУ како клучна безбедносна гаранција за земјата.

„Руската армија повторно беше принудена да ги помести роковите што си ги постави за освојување на Покровск и Доброполија. Секој руски пораз во овие области придонесува за нашата способност да ја одбраниме нашата држава, да го заштитиме народот и нашата независност“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Москва започна сериско производство на ракетите „Орешник“, додека Путин најави нова генерација нуклеарни крстосувачки ракети и го пофали „Буревестник“ и дронот „Посејдон“. Во меѓувреме, Киев добива воена и финансиска поддршка од Германија и ЕУ.