Четврта годишна конференција за здравство, АмЧам организатор
Четвртата годишна конференција за здравство, под слоганот „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“, ќе се одржи денес во Скопје...

Четвртата годишна конференција за здравство, под слоганот „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“, ќе се одржи денес во Скопје. Настанот е во организација на Американската стопанска комора во Северна Македонија – АмЧам.
Според организаторите, целта на конференцијата е да собере претставници од институциите, фармацевтската индустрија, академскиот свет и здруженијата на пациенти. Нивната заедничка мисија е да пронајдат реални решенија за пофункционален, современ и стабилен здравствен систем.
Се очекува значајни личности да учествуваат како говорници, меѓу кои се министерот за здравство Азир Алиу, првиот човек на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, директорот на Агенцијата за лекови и медицински помагала (МАЛМЕД) Сабри Алити, раководителот на Дирекцијата за е-здравство Фикрет Шабани, како и меѓународниот стручњак д-р Пракаш Џеј од Универзитетот на Тексас во Остин, САД.
Фото//amcham.mk/
