САД

Авионска несреќа во Кентаки со жртви и повредени

05.11.2025 11:01

Пожарот по експлозијата зафатил околни објекти, па можно е бројот на жртви да порасне...

Карго авион на „УПС“ се урна при полетување од аеродромот во Луисвил, Кентаки. Загинаа најмалку седум лица, меѓу кои и екипажот, а единаесет се повредени. Пожарот по експлозијата зафатил околни објекти, па можно е бројот на жртви да порасне.

„Во авионот имало три члена на екипажот. Четворицата за кои потврдивме дека се починати, не биле во авионот. Засега немаме информирани за други исчезнати лица, но тоа не значи дека ги нема. Веруваме дека бројот на жртвите е седум засега, теренот сè уште се пребарува“, изјави Крег Гринберг, градоначалник на Луисвил.