Меркел: Вооружувањето на Курдите ќе спречи ширење на нечовечка терористичка група

01.09.2014 19:13

Германската канцеларка Меркел пред Бундестагот ја објасни одлуката Германија да ги вооружи Курдите кои војуваат против џихадистите во Ирак.

„Имаме можност да го спречиме ширењето на нечовечка терористичка група и да спасиме човечки животи во северен Ирак. Мора да ја искористиме таа шанса“, рече Ангела Меркел, канцеларка на Германија.

Кон крајот на месецов Германија ќе им достави на Курдите оружје, муниција и противтенковски системи. Во меѓувреме, британскиот премиер Дејвид Камерон побара привремено право за полицијата да запленува пасоши на британски државјани под сомнение дека се обидуваат да и се придружат на Исламска држава.