Регион

Земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди северниот дел на Грција

05.11.2025 09:14

Епицентарот се наоѓал во близина на градот Ксанти, на околу 12 километри западно од него, и на околу 110 километри јужно од Пловдив, Бугарија.

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди северниот дел на Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Потресот бил регистриран во 07 часот и 16 минути по универзално време (09:16 по локално време), на длабочина од 7 километри. Епицентарот се наоѓал во близина на градот Ксанти, на околу 12 километри западно од него, и на околу 110 километри јужно од Пловдив, Бугарија.

Потресот бил почувствуван во неколку градови во северна Грција и јужна Бугарија. Засега нема информации за повредени или материјална штета.