МВР

Лишен од слобода скопјанец, пронајдена дрога

05.11.2025 18:18

Ф.Ш. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок...

Вчера околу 21:00 часот од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен е преглед на Ф.Ш (38) од Скопје, при што пронајдена е марихуана.

Ф.Ш. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.