Филипини
Тајфунот „Калмаеги“ усмрти 66 лица и расели стотици илјади жители на Филипините
05.11.2025 10:11
Најмногу жртви има на островот Себу, а десетици лица сè уште се водат за исчезнати...

Над 60 лица загинаа во тајфунот „Калмаеги“ што предизвика големи поплави и уништувања на Филипините. Најмногу жртви има на островот Себу, а десетици лица сè уште се водат за исчезнати.
Тајфунот принуди стотици илјади жители да ги напуштат своите домови, а меѓу загинатите се и членови на воен екипаж чии хеликоптер се урна за време на спасувачка мисија.
