Водостопанствата под една управа
Ќе се менува начинот на управувањето со водите. Саегашниот систем со самостојното управување од страна на водостопанствата не го дава посакуваниот ефект во менаџирањето...

Управувањето со хидромелиоративните системи се планира да се менува. Сегашните 12 водостопанства во земјава не обезбедуваат целосно и квалитетно управување со водните ресурси.
Тие се јавни правни субјекти и Владата, односно Министерството немаат доволно увид во работењето со системите.
Се размислува да се формира едно ново правно лице, а сегашните водостопанства да бидат негови подружници.
Нивен најголем проблем беше наплатата на водениот надоместок, но со неговото врзување со субвенциите овој долг е драстично намален.
Од некогашните 50, сега во просек се плаќа повеќе од 80, а во одредени региони и до 98 проценти за искоростената вода.
Методија Трајков
