16 приговори поднесени до ДИК за гласањето во вториот изборен круг
Рокот за поднесување на приговори завршува денеска во 16.30 часот односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати од изборите...

До денеска претпладне до Државната изборна комисија се поднесени 16 приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори. Рокот за поднесување на приговори завршува денеска во 16.30 часот односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати од изборите. Приговори поднеле Хаким Рамадани поддржан од „Влен“ за избирачки места во Брвеница. Коалицијата „Твоја Македонија“ поднела десет приговори за Шуто Оризари. И Сојузот на Ромите има поднесено приговори за две избирачки места во оваа општина.
Коалицијата „Искуство за успех“ која го поддржуваше Стевчо Јакимовски поднела приговори за гласањето во Карпош за две избирачки места.
