Јолевски во работна посета на Велика Британија
За време на средбите е предвидено да се разговара и за меѓународните односи, за продлабочување на соработката меѓу армиите на двете земји и борбата против тероризмот...

Министерот за одбрана Зоран Јолевски е во работна посета на Велика Британија. Во Лондон ќе оствари одвоени средби со членови на британскиот парламент, со поранешниот министер за одбрана на Обединетото Кралство, Лијам Фокс и со Марк Причард. Во фокусот на разговорите, македонските евроатлантски аспирации и претстојниот самит на НАТО во Кардиф.
За време на средбите е предвидено да се разговара и за меѓународните односи, за продлабочување на соработката меѓу армиите на двете земји и борбата против тероризмот.
Задутре министерот за одбрана Јолевски и шефот на дипломатијата Попоски во Кардиф ќе учествуваат на самитот на Северноатлантската Алијанса.
