Драмски театар ја подготвува „Болва в уво“ во режија на Синиша Ефтимов
Драмски театар соопшти дека „Болва в уво“ на нивната сцена првпат е поставена на 24 март 1974 година и дека е „амблематска претстава за Драмски, што публиката ја памети по една исклучителна генерација на актери, со вкупно 333 изведби“.
Во Драмски театар Скопје денеска се одржала прва проба на претставата „Болва в уво“ во режија на Синиша Ефтимов. Премиерата е планирана за втората половина на декември.
Драмски театар соопшти дека „Болва в уво“ на нивната сцена првпат е поставена на 24 март 1974 година и дека е „амблематска претстава за Драмски, што публиката ја памети по една исклучителна генерација на актери, со вкупно 333 изведби“.
Текстот „Болва в уво“ е напишан во 1907 година од францускиот драмски писател Жорж Фејдо (1862-1921) кој, посочува ДТС - „напишал 39 драмски текстови, а најголемите успеси ги достигнал во жанрот водвиљ.
Неговите текстови поради безвременската актуелност, и сто години по неговата смрт, се изведуваат во голем број на театри низ светот, наведува Драмски во соопштението.
Улогите во претставата им се доделени на актерите: Дениз Абдула, Ања Митиќ, Марјан Наумов, Лазар Христов, Игор Стојчевски, Стефан Вујисиќ, Нина Елзесер, Златко Митрески, Рубенс Муратовски, Катерина Шехтанска, Томислав Давидовски, Јована Спасиќ, Петар Стојковиќ и Ивана Павлаковиќ. Сценограф е Мартин Манев, костимограф - Раде Василев.
„Болва в уво“ е петта и последна планирана претстава од Годишната програма за работа на Драмски театар-Скопје, поддржана од Министерството за култура и туризам.
