Продолжи судењето за „Онкологија 1“, сведоци тврдат дека давале мито за терапија
Во Кривичен ново рочиште на случајот Онкологија 1. Поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев и уште двајца доктори се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето и неосновано лекување болни. Денеска се сослушуваа сведоци на Обвинителството…

Терапија под рака, за 500 евра давал ексдиректорот на Онкологија, Никола Васев. Ова го тврди сопруга на пациент кој починал од канцер. Парите, како што рече пред судот, му ги давала во неговата канцеларија, каде лекарот во фрижидер ги чувал ампулите. Лекот го аплицирала медицинска сестра. Одбраната тврди дека сведокот не ја зборува вистината, а обвинителството нема докази за корупција.
Уште еден сведок тврдеше дека потплаќал на Онкологија. Парите завршувале кај обвинетата Симонида Црвенкова, како награда за да се грижи подобро за пациентот. Лекарката негираше дека побарала или примила поткуп.
Главната расправа продолжува со докази на Обвинителството.
Анита Димитријевска – Велковска
