Економски раст од 3,5 отсто и инфлација од 3,9 проценти, предвидува Народна банка
Раст на македонската економија од 3,5 проценти, инфлација од 3,9 проценти до крајот на годинава, проектира Народна банка. Во најновите макроекономски проекции предвидува забрзување на економските активности во следните две години, БДП да достигне четири насто …

Раст од 3,5 отсто и инфлација 3,9 отсто се есенските проекции на Народната банка за годинава.
Според гувернерот Славески, макроекономската слика за домашната економија укажува на солидни економски изгледи и стабилизација на инфлацијата. Дефицитот на тековната сметка е 4,2 отсто. Економскиот раст се очекува да биде поттикнат од домашната побарувачка и извозот на стоки и услуги, според превидувањата на банкарите.
Силен раст е забележан на кредитната активност во првите девет месеци кој ќе продолжи и до крајот на годинава како резултат на профитабилноста на банките, средствата од Развојна банка за домашните компании.
Ризиците произлегуваат од ефектите од идните трговски политики и геополитички тензии кои можат да влијаат на побарувачката и цените со оглед отвореноста на македонската економија. НБРМ ги презема сите неопходни мерки за одржување на ценовната стабилност, уверува Славески.
Александра Велинова
