Меѓународен ден на ромскиот јазик
Се одбележува Меѓународниот ден на ромскиот јазик. Македонија е мултиетничка држава, различноста не е пречка, тоа е заеднички капитал, вели министерот без ресор Салиу. Првпат во македонското Собрание без претставник на Ромите – спикерот Гаши вели дека тој ќе ги застапува нивните интереси.

Ромскиот јазик е јазик кој својата кодификација ја добил 1981 година. Оттогаш, политиките се насочени кон описменување и едукација на народот. Но, недостигаат и кадар и учебници.
Секоја заедница е дел од мозаикот што ја создава убавината на нашата земја и на Европа. Македонија е држава која се темели на принципите на еднаквост, мултикултурализам и меѓусебна почит, рече министерот Шабан Салиу.
Собранието е посветено на гарантирање на заштитата и унапредувањето на правата на ромската заедница.
Од МОН велат дека е зголемена квотата на стипендии за ученици и студенти Роми за околу 300.
Oд 2015 година 5-ти ноември е прогласен од УНЕСКО за Меѓународен ден на ромскиот јазик.
Ана Јосифоска
