Извештаите покажаа делкатен напредок, укажаа од канцеларијата на еврокомесарката за проширување Марта Кос
„Единствен начин за одење напред со евроинтеграцијата за Македонија се уставните промени“, укажаа од канцеларијата на еврокомесарката за проширување Марта Кос. Потребно е спроведување и на реформите. Институтот за европска политика со оценка нема видлив напредок...

Извештаите за земјите кандидатки покажа деликатен напредок со одредени стагнирање. „Потребни се реформи кои даваат видливи резултати и со кои расте подготвеноста на кандидатките за приклучување во ЕУ. Не може да си дозволиме да има проширување со неподготвени земји. Темпото на прием на нови членки ќе се диктира со подготвеноста во основните области, владеење на правото и реформа на јавната администрација. Сепак единствен начин за одење напред со евроинтеграцијата за Македонија се уставните промени“, укажаа од канцеларијата на еврокомесарката за проширување Марта Кос.
„За Северна Македонија има јасни заклучоци на европскиот совет и единствен начин напред во пристапниот процес. Да бидам јасен не станува збор за блокада од една земја членка, туку едногласна одлука на советот. Патот е познат и засега има политичка одлука да не оди по тој пат“, изјави Џулио Виенери од Канцеларија на еврокомесарката за проширување.
Извештајот за Македонија покажа дека нема видлив напредок, оценија од Институтот за европска политика.
„Северна Македонија е веќе 20 години кандидат и доби 19 извештаи за напредокот. Долгата евроинтеграција покажува делумна подготвеност за пристапување во ЕУ уште од 2011-та година. Изминатата година имаме само пристапување кон СЕПА, а најдобри сме од сите кандидати за безбедноста на храната. Нема напредок во борбата против корупцијата“, изјави Симонида Кацарска од Институт за европска политика.
Еу е посветена на реформите за прием на нови членки, но и кандидатките мора да спроведат реформи, пред сè за доброто на своите граѓани, посочија од ЕУ.
Еу е посветена на реформи за нови членки, но кандидатките мора да спроведат реформи пред сè за подобро општество за своите граѓани, посочија од ЕУ. Од Брисел инсистираат владите во земјите кандидатки да работат со сите во општеството на евроинтеграцијата.
Ирина Гелевска
