Руските сили напаѓаат, Киев возвраќа
Русија објави дека украинските војници во градовите Покровск и Купјанск се опколени и ги повика да се предадат. Киев, пак, негира и тврди дека се во тек контранапади и уништување на непријателот.

Украинската војска нападна руска рафинерија за нафта во Волгоград додека експлозии потресоа неколку енергетски објекти. Русија објави дека украинските војници во градовите Покровск и Купјанск се опколени и ги повика да се предадат. Киев, пак, негира и тврди дека се во тек контранапади и уништување на непријателот.
„Посебно сакам да ја истакнам специјалната единица „Алфа“ која систематски и ефикасно ги уништува руските окупатори и нивната техника во областа на Покровск и во самиот град. Но и сите наши единици кои се борат во тој правец, бранејќи ја Доњецката област“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Руското Министерство за одбрана ги оцени неговите зборови како целосно губење на контактот со реалноста.
