Блиски Исток

Вратено уште едно тело во Израел, недостиг на помош во Газа

06.11.2025 08:48

Додека жителите на енклавата се подготвуваат за зимата, ОН предупредуваа дека помошта што влегува е недоволна. Алармираат и за недостиг на шатори, ќебиња и материјали за засолништа.

Уште едно тело на заложник е вратено во Израел, во Газа сè уште има останки на шест заробеници-вели Тел Авив. Додека жителите на енклавата се подготвуваат за зимата, ОН предупредуваа дека помошта што влегува е недоволна. Алармираат и за недостиг на шатори, ќебиња и материјали за засолништа. СЗО в недела почнува кампања за имунизација на околу 44 илјади деца во Појасот против морбили, заушки, рубеола и детска парализа.

„Првата од трите планирани фази ќе започне во недела и ќе трае 10 дена. Успехот на кампањата зависи од целосното почитување на примирјето, за семејствата, здравствените работници и другите хуманитарни работници да можат слободно и безбедно да стигнат до местата за вакцинација“, рече Фархан Хак, заменик-портпарол на генералниот секретар на ОН.

Во меѓувреме израелската војска уби тројца Палестинци во централна Газа. Многумина раселени ситуацијата ја нарекуваат лажно примирје, бидејќи како што велат, опсадата продолжува.