Образование

Јаневска ќе се обрати на конференција „Науката како патоказ во време на промени“

06.11.2025 09:01

Конференцијата е во организација на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА...

Денеска во ИНОКС центар во Скопје (плоштад „Македонија“), министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска ќе се обрати на конференција „Науката како патоказ во време на промени“ посветена на инспирирање на младите за значењето и улогата на науката во справувањето со современите општествени предизвици.

Конференцијата е во организација на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА.