САД

Врховниот суд ги преиспитува царините на Трамп

06.11.2025 11:01

Конзервативните судии скептични дека законот му дава таква моќ, додека либералите тврдат дека Конгресот сака да ги ограничи претседателските овластувања.

Врховниот суд на САД ја преиспитува одлуката на претседателот Трамп за глобални царини, повикувајќи се на закон од 1977 за вонредни овластувања. Конзервативните судии скептични дека законот му дава таква моќ, додека либералите тврдат дека Конгресот сака да ги ограничи претседателските овластувања. Судот разгледува и дали бизнисите би имале право на поврат на платените царини. Случајот може да има големи економски и политички последици. Сослушувањето помина добро-оцени американскиот министер за финансии.

„Мислам дека помина многу добро. Главниот обвинител изнесе моќни аргументи за потребата на претседателот да ги има овие економски овластувања во вонредни ситуации, другата страна, пак, на некој начин не успеа да ја докаже својата позиција. Но сè ќе зависи од Врховниот суд“, изјави Скот Бесент, министер за финансии на САД.

Администрацијата на Трамп побара брза одлука, додека аналитичарите очекуваат пресудата да се донесе во рок од неколку месеци, најверојатно до средината на 2026 година.