Филипини
Расте бројот на жртви по „Калмаеги“
06.11.2025 12:51
Најтешко е погоден островот Себу со 71 загинат.

Бројот на жртви од поплавите предизвикани од тајфунот „Калмаеги“ во централните Филипини се искачи на 114, уште 127 лица се водат за исчезнати.
Најтешко е погоден островот Себу со 71 загинат. Силното невреме се движи кон Виетнам, каде што жителите сè уште се опоравуваат од поплавите во кои веќе загинаа десетици луѓе.
