Евроинтеграции

Средба Мицкоски – Рокас за Извештајот на Европската комисија

06.11.2025 11:22

По средбата е најавена заедничка прес-конференција, соопштија од Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се сретне со евроамбасадорот Михалис Рокас, за да разговараат за најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата.

По средбата е најавена заедничка прес-конференција, соопштија од Владата.

Европската комисија на 3-ти ноември го објави извештајот во кој се нагласува потребата земјата да ги заокружи подготвителните активности за отворање на Кластерот „Основи вредности“ и да продолжи со решителни чекори кон исполнување на критериумите за почеток на преговорите.

Претходно, евроамбасадорот Рокас го предаде извештајот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и го презентираше пред пратениците во Собранието.