Култура

Претставата „Ифигенија за ништо“ со три награди на фестивалот Стоби 2025

06.11.2025 11:54

Драмскиот театар Скопје со претставата „Ифигенија за ништо“ е добитник на три награди на 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма – ИФАД „Стоби“ 2025. „Ифигенија за ништо“ во режија на Филип Петковски ги доби наградите за најдобра претстава, најдобра режија и најдобра женска улога...

Драмскиот театар Скопје со претставата „Ифигенија за ништо“ е добитник на три награди на 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма – ИФАД „Стоби“ 2025. „Ифигенија за ништо“ во режија на Филип Петковски ги доби наградите за најдобра претстава, најдобра режија и најдобра женска улога.

Наградата за режија ја доби Филип Петковски, а за најдобра женска улога и припадна на Јелена Жугиќ за улогата на Клитемнестра.

„Ифигенија за ништо“ е утре на редовниот репертоар на Драмски театар, а претставата не се препорачува за лица помлади од 16 години.

На фестивалот „Стоби 2025“ беше доделена и награда за најдобра машка улога која му припадна на Марко Трајковиќ за насловната улога во претставата „Калигула“ на Кумановски театар.

 

 

Фото: Драмски театар