Продолжува судскиот процес меѓу Груевски и Заев
Исказ даде Груевски наведувајќи дека со клеветата му е нанесена тешка душевна болка. Своја одбрана треба да даде лидерот на СДСМ, Заев...
Продолжи судскиот процес во кој премиерот Никола Груевски го тужи лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев за клевета дека зел поткуп од милион и пол евра од продажбата на Македонска Банка.
Исказ даде Груевски наведувајќи дека со клеветата му е нанесена тешка душевна болка. Своја одбрана треба да даде лидерот на СДСМ, Заев.
Јовица Стефановиќ, познат како Газда Нини, вчера сведочеше дека не го познава премиерот Груевски и дека никогаш не разговарал со него на телефон, ниту пак договарале преку посредници поткуп при продажбата на акции во Македонска Банка.
Нини, пред судот изјави дека Јака Радовиш на берза купила акции, а плаќањето го извршила преку брокерска куќа, која средствата потоа ги префрлила на продавачот.
Не прецизираше за колку акции станува збор, но рече дека во моментот имало десетина продавачи, и дека тој ни ден денес не знае од кого ги купил акциите на Јака Радовош.
Груевски бара отштета од 500 илјади евра.