Селективно и со врски до скапа имунолошка терапија, тврди сведок во случајот „Онкологија“
Скапа имунолошка терапија селективно и со врски им се давала на пациенти во време кога со онкологија директорувал Никола Васев. За ова извести сведок чиј татко бил пациент на клиниката...

Скапа имунолошка терапија селективно и со врски им се давала на пациенти во време кога со онкологија директорувал Никола Васев. За ова извести сведок чиј татко бил пациент на клиниката.
Ампулите му ги давал директорот лично откако со ургенција ќе стигнел во неговата канцеларија. Одбраната приговараше. Вели дека во доказите нема досие за лекување на тој пациент.
Од Обвинителството велат – не е направена грешка со сведоците. Со неговиот исказ потврдуваат дека обвинетиот чувал терапија која не смеел да ја има.
Во судницата се изнесоа тврдења дека се правеле интервенции во извештаите со допишување на четири пати повисоки дози на лекови, но и се купувале лекови од условниот буџет без дозвола од Министерството и Фондот.
Анита Димитријевска – Велковска
