Се очекува инфлацијата да се намали следната година
Очекувањата се дека годишната стапка на инфлација ќе се движи помеѓу 3,5 и 4 насто, а следната година да падне на два и три проценти. Сепак, економистите советуваат да се земат предвид отвореноста на македонската економија и геополитичките состојби...

По есенските проекции на Народна банка за забрзување на растот и за намалување на инфлацијата, и владата со оптимистички прогнози за подобрување на макроекономската слика. Очекувањата се дека годишната стапка на инфлација ќе се движи помеѓу 3,5 и 4 насто, а следната година да падне на два и три проценти. Сепак, економистите советуваат да се земат предвид отвореноста на македонската економија и геополитичките состојби кои имаат влијание и кај нас.
Граѓаните се надеваат на пониски цени и подобар стандард. Велат, Македонија е само камче од мозаикот, но со зголемено домашно производство и намален увоз може да очекуваат подобри денови.
Забавувањето на евроинтегративниот процес влијае на економијата, но со создавање поволна бизнис – клима за домашните и странските инвеститори може да се подобри растот, уверуваат економистите.
Александра Велинова
