Македонија

Мицкоски: Прво конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, потоа реконструкција на Владата

06.11.2025 16:41

Пополнување на испразнетите министерски места во Владата, но засега не и нејзина реконструкција – јасен е премиерот Христијан Мицкоски. Вели дека фокусот е на партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во почетокот на декември. Ќе се размислува за одредени кадровски поместувања во Владата, доколку има потреба за сето тоа. „Вреди“ не добива министерско место плус, укажува премиерот...

Пополнување на испразнетите министерски места во Владата, но засега не и нејзина реконструкција – јасен е премиерот Христијан Мицкоски. Вели дека фокусот е на партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во почетокот на декември и формирање на партиските тела. Во меѓувреме, ќе се размислува за одредени кадровски поместувања во Владата, доколку има потреба за сето тоа.

„Вреди“ не добива министерско место плус, укажува премиерот откако беше обелоденето дека на местото на Меџити за прв вицепремиер, доаѓа поранешниот министер за здравство, Беким Сали.

Во јавноста излегоа дел од имињата на министрите кои би биле сменети. Меѓу нив се споменува и министерката за образование, Весна Јаневска. Таа без коментар, освен дека ќе почитува секоја одлука на премиерот Мицкоски.

Најавите за смени во ресори и нови имиња со владината реконструкција, Мицкоски ги оцени како шпекулации. Истовремено, се оградува и од коментарите за опозициските лидери, дали по поразот на локалните избори треба да поднесат оставки. Тоа е нивно внатрешно прашање, став на шефот на Владата.

Миле А. Ристески