Основците сè почесто изложени на насилство
Булингот се повеќе присутен меѓу младите. Со ножеви и боксирачи во ранците учениците одат на училиште. Алармантни се податоците за врсничко насилство од истражувањето на Институтот за човекови права...

Со ножеви и боксирачи во ранците учениците одат на училиште. Алармантни се податоците за врсничко насилство од истражувањето на Институтот за човекови права.
Булингот се повеќе присутен меѓу младите. Според граѓаните кои ги анкетиравме изгубени се семејните вредности, потребно е родителите да придонесат за подобрување на состојбата.
Најзначајната разлика од истражувањето е дека најголем број од анкетираните деца, особено учениците од ромската популација, се жртви на онлајн врсничко насилство. Потребна е поголема доверба меѓу наставниците и децата.
Општеството треба да работи на превенција а секако и родителите велат од агенцијата за остварување на правата на заедниците.
Врсничкото насилство е во пораст, особено во основното образование.
Според истражувањето во македонската етничка заедница се повеќе врсничко насилство има во основните училишта за разлика од другите етнички заедници каде што врсничкото насилство се случува во средните училишта и помеѓу повозрасните.
Ана Јосифоска
