Транспорт

Потпишан договор за меѓуграничниот тунел со Бугарија

06.11.2025 17:13

Вицепремиерот и министер за транспорт Николовски и неговиот бугарски колега Караџов го потпишаа договорот за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8. Церемонијата се одржа на железничката станица Ѓуешево...

Од Скопје до Софија со воз. Ставен е потпис на договорот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија преку меѓуграничниот тунел долг 2,4 километри на Коридорот 8. За ова, на железничката станица Ѓуешево, рака си подадоа македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски, и бугарскиот министер за регионален развој Гроздан Караџов.

Коридорот 8 ќе ги поврзува Јадранско со Црното Море, ќе овозможи директен излез на Македонија кон два мориња, што е од суштинско значење за зголемување на економската конкурентност.

Од Европската комисија сметаат дека проектот е од големо значење не само за Македонија и Бугарија, туку и за целиот Западен Балкан.

Од македонска страна, пругата од Куманово до Бељаковце е веќе во функција, втората фаза до Крива Паланка се гради и треба да биде готова за една година, а за третата фаза до границата и тунелот треба да се избере изведувач.

Борис Грујоски