ДИК објави конечни резултати за 29 општини и градот Скопје
Државната изборна комисија ги објави конечните резултати. Орце Ѓорѓиевски и официјално е новиот татко на метрополата. Уште 29-мина новоизбрани градоначалници добија зелено светло да седнат во градоначалничките фотелји. Но, процедурата не е завршена за сите...

Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори за 29 општини и град Скопје. Заедно со 44 градоначалници кои беа избрани во првиот круг, се стигна до избрани 74 градоначалници. За три општини, Брвеница, Карпош и Шуто Оризари има приговори, во четири општини ќе се повтори процесот.
До ДИК поднесени 16 приговори за општините Брвеница, Карпош и Шуто Оризари. На седница на комисијата, во дел од случаите се отвори избирачкиот материјал за да се утврди фактичката состојба со бројот на ливчињата во записниците и бројот на ливчињата во кутијата. По одлуката, подносителите имаат право на жалба до Управен.
До ДИК има поднесено и три приговори за гласањето за членови на Советот во општина Шуто Оризари, каде имаше прегласување.
Во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа ќе има ново гласање поради неисполнетиот цензус.
Игор Панов
