Град Скопје

Официјално Орце Ѓорѓиевски е новиот градоначалник на Град Скопје

06.11.2025 19:43

И подари букет цвеќе на Данела Арсовска, по заострените односи примопредавањето протоколарно, Орце Ѓорѓиевски седна во градоначалничката фотеља.Најави во 20.30 ја почнува големата акција за чистење на Скопје.

Орце Ѓоргиевски е новиот градоначалник на Скопје. На средбата на примопредавањето на функцијата, среќа во работата му посака и неговата претходничка Данела Арсовска, и покрај заострените односи кои двајцата ги имаа низ годините. И како што најави, првата негова одлука беше да ги отстрани рампите на влезот во административните простории, за веднаш потоа да ја најави и големата акција за темелно чистење на сметот во главниот град за што смета дека ќе му бидат потребни 72 часа.

Реорганизација на јавните претпријатија, крај на голготата со јавниот превоз, за што во оптег ќе бидат пуштени 60-тина автобуси, брз ребаланс на буџетот за реализација на нови проекти, најави Ѓоргиевски, но вели ќе има и ревизија и одговорност за секој кој работел спротивно на законот.

За неколку дена новиот скопски градоначалник ќе назначи нови раководни лица во претпријатијата кои се под капата на Градот Скопје.

 

Викторија Милевска