ОЈО ГОКК

Акција поради сомнеж за коруптивни активности

06.11.2025 17:19

Според првичните, неофицијални информации, лишен од слобода е в.д. директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за наводно примање поткуп од апликант за да му се додели договор за финансиска поддршка преку ИПАРД, што било констатирано со одбележани пари...

Во голема акција е уапсен државен функционер за примање мито. Според првичните, неофицијални информации, лишен од слобода е в.д. директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за наводно примање поткуп од апликант за да му се додели договор за финансиска поддршка преку ИПАРД, што било констатирано со одбележани пари.

Од Обвинителството, пак, само кусо соопштуваат дека под раководство на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, истражители и припадници на полицијата извршиле претреси на повеќе локации низ државата поради сомнеж за сторени кривични дела од коруптивна природа.