Подобрени услови за сточарите
Се подобрува Законот за идентификација и регистрација на животните.Сега сите ветеринарни друштва можат поефикасно да го регистрираат добитикот насекаде во земјава, но проблем се стадата на тешко пристапните места.
За високите планински фарми со непристапни патишта зиме, или со голема оддалeченост во случај на елементарни непогоди и вонредни состојби, ќе има продолжување на роковите за идентификација и регистрација на животните.
Одложувањето ќе може да го одобри само Агенцијата за храна и ветеринарство.

Ова досега беше голем проблем за сточарите кои објективно не можеа да го запазат рокот и имаа поголеми трошоци.
Новиот систем на идентификација и регистрација на животните, според фармерите и ветеринарите, е поедноставен и поефикасен во однос на претходниот кога услугата ја вршеа само неколку ветеринарни друштва.
Мето Трајков