Жестоки обвинувања меѓу Киев и Москва
Додека политичарите се обидуваат да најдат начин за прекин на огнот, на терен состојбата е се потензична. Продолжуваат борбите, а бројот на загинати и повредени постојано расте...

Се пожестоки и потенденциозни се меѓусебните обвинувања на релација Киев – Москва. Претседателот на ОБСЕ не ја исклучува можноста состојбата во земјата да ескалира и да се претвори во црно сценарио.
Русија може да го освои Киев за две недели му порача рускиот претседател Путин, на претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо во телефонски разговор, при тоа негирајќи ги обвинувањата за присуство на руски трупи на украинска територија. Украинскиот претседател Порошенко, кој одржа состанок со претставници на силите за безбедност во Генерал штабот, смета дека се врши агресија врз неговата земја.
Додека политичарите се обидуваат да најдат начин за прекин на огнот, на терен состојбата е се потензична. Продолжуваат борбите, а бројот на загинати и повредени постојано расте.
Генералниот секретар на Советот за безбедност, Јагланд, денеска е во официјална посета на Киев, на средба со државниот врв.
