Град Скопје

Почна големата акција за чистење на Скопје што ќе трае 72 часа

06.11.2025 21:11

На испомош на новиот градоначалник пристигна механизација и од други градови и локални самоуправи...

Со над 100 камиони и повеќе од 800 работници, новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ја почна големата акција за чистење на метрополата што ќе трае 72 часа. На испомош на новиот градоначалник пристигна механизација и од други градови и локални самоуправи.

Почнаа и инспекциски контроли, а Ѓорѓиевски најави дека ќе се постави и временска рамка, од колку до колку часот граѓаните ќе може да одлагаат отпад.

Паралено со акцијата почна и „чистката“ во јавните претпријатија – избркани се лица кои не работеле, а земале пари, но, првиот работен ден на Ѓорѓиевски отвори и сомнеж за криминал во ЈП „Комунална хигиена“.