Временска прогноза

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

07.11.2025 08:02

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер.