Зеленски бара посилни санкции за Русија
07.11.2025 08:29
Жестоки борби и во стратешки важниот Покровск. Зеленски најави зголемување на поддршката за фронтот и ги повика земјите да се приклучат кон санкциите за Русија...

Руската војска продолжува со напади низ Украина, Киев возвраќа. Жестоки борби и во стратешки важниот Покровск. Зеленски најави зголемување на поддршката за фронтот и ги повика земјите да се приклучат кон санкциите за Русија.
„Секој начин за ограничување на руските приходи претставува ефективна контрамерка против војната. Нашите партнери нè слушаат и прифаќаат нашите предлози, и ќе продолжиме да го зголемуваме притисокот врз Русија“, изјави Володимир Зеленски - претседател на Украина.
САД истакнуваат дека преговорите за безбедносни протоколи со Киев се клучни за решавање на кризата.
