Македонија

Мицкоски на увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз

07.11.2025 08:29

Веќе е потпишан договор за линија 1 Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода – Аеродором – Железничка станица Скопје.

Премиерот Христијан Мицкоски ќе направи увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз, информират од Владата.

Веќе е потпишан договор за линија 1 Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода – Аеродором – Железничка станица Скопје.

Вредноста на договорот e 360 милиони денари.

Согласно проектот ќе се изврши целосна реконструкција и надградба на постоечката траса.