Блиски Исток

Израел ги интензивира нападите во Либан

07.11.2025 09:39

Едно лице загина, а девет се повредени во израелски напади врз позиции на Хезболах во јужен Либан, кршејќи го едногодишното примирје...

Едно лице загина, а девет се повредени во израелски напади врз позиции на Хезболах во јужен Либан, кршејќи го едногодишното примирје. УНИФИЛ и САД предупредуваат дека нападите го загрозуваат мирот и цивилите, додека Израел најавува продолжување на операциите.

Во меѓувреме, Трамп најави наскоро распоредување меѓународни сили во Газа, подготвени да интервенираат ако Хамас не се разоружа.

„Газа се развива многу добро. Имаме земји кои се понудија да интервенираат ако има проблеми со Хамас. Ова е многу силен мир. Хамас е многу мал дел од ова, а доколку не се однесуваат како што рекоа, тие ќе имаат голем проблем, каков што никогаш претходно немале“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.