Намален бројот на летови во САД
Бројот на летови во САД намален на главните аеродроми низ земјата поради безбедносните проблеми предизвикани од блокадата на владата...

Бројот на летови во САД намален на главните аеродроми низ земјата поради безбедносните проблеми предизвикани од блокадата на владата, што стави притисок врз контролорите на летање кои работат без плата. Стотици летови веќе откажани додека патниците нервозно чекаат на аеродромите.
„Денес стигнав два часа пред летот, нервозен сум. Не знам како ќе оди со откажувањата. Не знам зошто не можат да постигнат договор, мора нешто да смислат“, изјави Курт Шпиринг – патник од Денвер.
„Мислам дека дел од тоа е заради безбедноста, но другиот дел е обид да се изврши притисок врз Конгресот за да се донесе одлука за одблокирање на владата“, изјави Кристина Миникус – патник.
Градоначалникот на Чикаго, Џонсон, ги осуди намалувања на бројот на летови, обвинувајќи го Трамп и нарекувајќи ги неговите тактики „ужасни“.
