Венецуела

САД изврши нов напад врз брод во Карибите

07.11.2025 11:00

Американската војска повторно нападна брод при што загинаа три лица, за кој тврди дека бил поврзан со терористичка организација што шверцувала дрога...

Нови тензии меѓу САД и Венецуела додека Вашингтон продолжува со военото засилување во Карибите. Американската војска повторно нападна брод при што загинаа три лица, за кој тврди дека бил поврзан со терористичка организација што шверцувала дрога. Мадуро изјави дека американските воени дејствија нема да ја нарушат неговата земја.

„Не сме вознемирени и никој нема да нè спречи да создаваме и работиме да изградиме директна и вистинска демократија и вечен мир на Венецуела“, изјави Николас Мадуро – претседател на Венецуела.

Од почетокот на кампањата, САД уништија 18 бродови и убија околу 70 лица, тврдејќи дека се борат против нарко-картелите.