Жените земјоделки бараат пристап до права
Жените земјоделки во земјава сè уште ги немаат своите права. Не е решено прашањето за платено и породилно отсуство. Професијата земјоделец се смета за четврта ризична во светот …

Од утро довечер е на нивата, со производството, а потоа со семејството. Елизабета Олиманова е рурална жена, земјоделка од прилепското село Славеј. Се бори за поголемо производство, за подобар пласман, за здраво семејство. Вели, земјоделството го лекувале многу, но со погрешна дијагноза. Потребни се сигурни цени, пласман и заслужено место во производството на храна.
Земјоделството последниве години опаѓа, но мора да се консолидира поддршката.
На жените-земјоделки не им треба програма, туку пристап до права. Сè уште не се решени отсуството од работа и платеното породилно отсуство. Има системска дискриминација.
Жените земјоделки во државава се сè уште невидливи производители.
Елизабета Митреска
