Земјоделство

Во тек е есенската сеидба во пелагониско

09.11.2025 12:03

Во тек е есенската сеидба во најголемата житница во Македонија. Во Пелагонија од есенски житни култури планирано е да се посеат 15.300 хектари. Од нив, 12.000 хектари отпаѓаат на стратешката култура пченица, од кои досега посеани се околу 4.000 хектари. Временските прилики поволни за земјоделците…

Есенската сеидба во најголемата житница во Македонија е во полн ек. Временските услови поволни за исполнување на сеидбениот план се поволни.

Според информациите од подрачната единица на Министерството за земјоделие во Битола, во Пелагонија планирано е да се посеат вкупно 15.300 хектари со житни култури. Од нив стратешката култура пченицата ќе биде застапена на 12.000 хектари, од кои една третина е веќе посеана.

Агрономите советуваат, земјиштето добро да се обработи, да се користат сертифицирани семенски материјали и да се употребува квалитетно ѓубриво.

Временските прилики оваа есен, не се предизвик за земјоделците. Сончевото и релативно топло време, во прилог за добра сеидба. Најголем проблем и понатаму се финансиските трошоци, за семенски и заштитни материјали, кои се неопходни за посеаното да даде добар род.

Со оглед на тоа дека климатските промени во последните десетина години доведоа до поместување на периодот за сеидба, оптималните рокови течат и доколку не дојде до непланирани временски неприлики, сеидбата ќе заврши на време.

Александра Максимовска