Конститутивна седница на Советот на Град Скопје

Ѓорѓиевски: „Генералката“ за чисто Скопје ќе продолжи секој ден

07.11.2025 11:50

„Завршува времето кога Скопје беше град на депонијата. Генералката нема да трае само 72 часа, туку ќе продолжи секој ден. Ова не е маркетинг, туку наша обврска кон граѓаните“ – изјави Ѓорѓиевски на првата конститутивна седница на Советот на Град Скопје.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека акцијата за чистење на главниот град нема да биде само краткорочна иницијатива, туку континуиран процес.

„Завршува времето кога Скопје беше град на депонијата. Генералката нема да трае само 72 часа, туку ќе продолжи секој ден. Ова не е маркетинг, туку наша обврска кон граѓаните“ – изјави Ѓорѓиевски на првата конститутивна седница на Советот на Град Скопје.

Акцијата „72 часа чисто Скопје“ започна синоќа од платото на СЦ „Борис Трајковски“, со ангажирање на десетици камиони, цистерни и механизација за чистење на јавните површини. Ѓорѓиевски ја најави акцијата уште во септември, а ја започна веднаш по стапувањето на функцијата.