Судство

Продолжува судскиот процес за родилката од Дебар

07.11.2025 12:30

Денес продолжува судскиот процес за родилката од Дебар, која при породување во струшката болница остана без три органи...

Денес продолжува судскиот процес за родилката од Дебар, која при породување во струшката болница остана без три органи. На минатото рочиште, наместо да се сослушаат супер вештаците, повторно се одложи судењето поради тоа што одбраната побара изземање на судијата а предметот да биде разгледан од Врховниот суд.

Случајот со Јилдаз Веапоска, во кој тројца лекари се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето, веќе трета година е во судница.

Судскиот процес тече со бројни одлагања, враќања на почеток, менување на судии и обвинители. Делото застарува идната година.