Македонија

Обвинителството ќе чека МВР и Финансиската полиција да постапат по сомнежите за злоупотреби во скопски „Комуналец“

07.11.2025 12:04

Овој став доаѓа откако скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски рече дека 371 лице земале плата без да одат на работа, а по десет илјади евра се плаќале на физички лица за интелектуални услуги.

Јавното обвинителство ќе чека МВР и Финансиската полиција да постапат по сомнежите за финансиски злоупотреби во скопски Комуналец, а ако тоа не го сторат, тогаш може да постапат по допрен глас.

Овој став доаѓа откако скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски рече дека 371 лице земале плата без да одат на работа, а по десет илјади евра се плаќале на физички лица за интелектуални услуги.

Од Обвинителството велат дека до нив до сега не е доставена ниту пријава, ниту известување.

Во моментов, истрага се води само за екс-директорот на „Комунална хигиена“ и за уште едно лице, кои се во притвор. Тие се осомничени за загрозување на животната средина поради несобраниот смет во Скопје.