Македонија
УХМР: Од вторник стабилизирање на времето
07.11.2025 14:10
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, соопшти УХМР.
Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи.
Од вторник се очекува стабилизирање на времето.
