Инфраструктура

Николоски: Отпочна изградбата на првата линија од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода до Нова железничка стани

07.11.2025 18:56

Мицкоски заедно со вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, извршија увид во градежните работи на проектот Градски воз.

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, извршија увид во градежните работи на проектот Градски воз. Ова е прва од трите предвидени траси, проект кој е во вредност од 360 милиони денар и кој значително ќе го олесни транспортот на патници во главниот град.

„Денеска сме во увид на градежни работи на два значајни проекти, првиот којшто се однесува на товарниот превоз, нешто што е срцето на железничкиот сообраќај во Македонија, имајќи ја предвид географската локација на којашто се наоѓа Македонија и важноста којашто ја има државата. Со овој потег којшто во моментов почнува да се работи, од Драчево директно ќе се оди за Илинден, односно товарните возови нема да има потреба или да ја одбегнуваат оваа делница или да ја користат со мала брзина или најлошата варијанта да влегуваат и поминуваат низ центарот на градот, односно преку Нова железничка станица.

На тој начин, очекувам дека карго сообраќајот ќе се зголеми значително, а вториот проект е идејата и визијата за Градски воз, којашто пополека станува реалност. Имаме три траси. Првата којашто оди од Зелениково, преку Драчево, Јане Сандански, помеѓу Кисела Вода и Аеродром и Нова железничка, веќе се работи, а в година ќе се работат и останатите две линии.

Сакам да кажам една работа којашто многу отсликува како ја наследивме државата. Дрвените прагови коишто се позади нас и коишто се менуваат со модерни бетонски прагови, се поставени помеѓу 1963 и 1969 година и оттогаш не се сменети. Можете да замислите во каква состојба ја наследивме државата, штом во овие години се работело, а потоа престанало и прв пат работиме во 2024-2025 година“ изјави вицепремиерот Николоски.